Анимирани портрети на францускиот фотограф Romain Laurent

Францускиот фотограф и режисер Romain Laurent започна со изработка на портрети во форма на GIF анимации, проект кој има за цел да го охрабри уметникот да создава дела надвор од неговата секојдневна работа со клиенти.

Секоја анимација има едноставен концепт, со нагласување на еден или два моменти, одвојувајќи ги гестикулациите, наместо да ја анимира целата фотографија. Laurent студирал маркетинг дизајн во Париз, пред да сфати дека фотографијата е неговиот избор. Тој сега работи во Њујорк и соработувал со големи клиенти како Reebok, Hermes, Lacoste, Nissan, Google.