Анимираната серија Samurai Jack повторно на малите екрани идната година

По десет години пауза, американската анимирана серија Samurai Jack се враќа на телевизискиот канал Cartoon Network, наредната година. Кабелската мрежа Adult Swim соопшти дека аниматорот на серијата Genndy Tartakovsky, кој има работено и на Dexter’s Laboratory и анимираните микросерии Star Wars: Clone Wars, се враќа да продуцира нова сезона што премиерно ќе се прикаже во 2016 година.

Samurai Jack дебитираше во 2001 година и по четири сезони и 52 епизоди успеа да придобие огромна публика. Во серијата се зборува за самурај познат само по името Jack кој се бори против демонот Aku. Анимираната серија е добитник на две Еми награди, но во 2004 престана да се емитува.