Анимирана мапа ја прикажува миграцијата во Америка во последните 200 години

Неодамна беше направена анимација која ги прикажува миграциските текови во Америка, односно покажува од каде во светот пристигнувале луѓето, во изминатите два века.

Веб-страницата „Metrocosm“ ги користи статистичките податоци од Одделот за домашна безбедност, со цел да покаже каде вкупно 79 милиони луѓе се преселиле во периодот помеѓу 1820 година и 2013 година, за да добијат законски статус на постојан жител на Америка.

Со секоја точка која означува 10 000 луѓе, лесно може да се види кои земји ја предводеле миграцијата во Америка. Овие податоци, исто така, овозможуваат преглед на причините поради кои настаналата миграцијата на одредена популацијата. Како на пример, дел мигрирале поради глад, социјални немири и конфликти. Сепак, голем дел од нелегалната миграција не е опфатена во мапата.

Од 1820 година до околу 1860 година, кога се случува големиот глад во Ирска, државата се наоѓа на врвот на листата со број на испратени доселеници во Америка, а Велика Британија е втора.

Во наредниот период, анимацијата покажува масовен прилив на Италијанците, поради падот на јужна Италија. По нив, следувале и Русите. Од околу 1920 година, пак, почнува приливот на Канаѓаните и Мексиканците. Во меѓувреме, за време на подемот на Хитлер и по Втората светска војна, германските мигранти биле најбројни.

Мексиканските имигранти се побројни од сите други земји во периодот помеѓу 1960 до 2013 година. Постои, исто така, значително зголемување на приливот на Кубанци од 1970 година, поради Кубанската револуција.

Од 1980 година па наваму, постои континуиран пораст на имигранти од Филипините, Азија и Кина.