Анимиран филмски маратон под отворено небо

„Анимакс Скопје фест“ заедно со филмското училиште „Тинтири минтира“ утре организира филмски маратон под отворено небо за сите љубители на анимирани филмови.

Настанот ќе се одржува на плоштадот на ВМРО, во строгиот центар на главниот град, а е поддржан од Градот Скопје.

Детската филмска програма е најавена од 18:30 до 20 часот, а потоа и официјалниот дел од 21 до полноќ.