Анимиран филм во чест на починатиот директор на Нинтендо, Сатору Ивата

Помина речиси една година откако четвртиот извршен директор на Нинтендо, Сатору Ивата, почина на возраст од 55 години. Тој ја прослави компанијата со своите изуми и франшизи на игри, како Mario и иконичните конзоли и управувачи.

Вчера, на Game Developers Choice наградите во негов спомен беше објавен  краток анимиран филм, во кој се прикажани некои од најголемите иновации на Ивата.

Видеото е пригодно, бидејќи го слави неговото наследство како креативен гениј, бестрашен лидер, и најважно од сѐ, гејмер во срцето, пишува The Next Web.