Аниматорот Хајао Мијазаки ќе гради тематски парк на Окинава

Легендарниот режисер и аниматор Хајао Мијазаки најави дека ќе изгради природен парк на островот Окинава.

Оскаровецот со децении создаваше фантастични светови со анимираните филмови Spirited Away, Howl’s Moving Castle, Princess Mononoke, и My Neighbor Totoro. Откако во 2013 година се повлече од создавање филмови, јапонскиот режисер започна со изградба на тематскиот парк, кој го нарече „Шумата каде ветрот се враќа“.

За обожавателите на Мијазаки, ова претставува остварување на сон. Паркот ќе биде опкружен со природа и ќе биде сместен во островот Куме во Окинава. Тој ќе има библиотека, капацитет за сместување до 30 лица и што поголем број на атракции. Целта, според режисерот е децата да го го почувствуваат паркот преку своите сетила.

Мијазаки ќе инвестира околу 2.5 милиони долари за конструкција на паркот, која ќе започне во пролетта 2016 година, а треба да биде готов во 2018 година.