Аниматор од Студио Гибли со бесплатен онлајн курс за цртање на Тоторо

Тошио Сузуки ги учи обожавателите да го нацртаат слаткиот херој од „Мојот сосед Тоторо“.

Кога анксиозноста е на високо ниво, многу луѓе ги имаат предвид нежните, фантастични и носталгични филмови на Студио Гибли како извор на комфорт. Патување во светот на легендарното јапонско студио за анимација преку филмот „Мојот сосед Тоторо“, е особено смирувачка активност, поради малите заплети и слаткиот протагонист. Отсега, сите обожаватели можат сами да си нацртаат свој Тоторо.

Тошио Сузуки, продуцент аниматор и поранешен претседател на Студио Гибли, објави видео туторијал за да им помогне на обожователите да го нацртаат Тоторо. Оригинално наменет за јапонските деца во изолација, овој туторијал го следи Сузуки додека користи мастилна четка за да го илустрира познатиот карактер.

„Ова е нешто што можете да го направите дома. Ве молам, сите да цртате по дома“, вели тој.

Фановите ширум светот можеа одблиску да го истражат универзумот на Гибли, откако музејот на Студио Гибли објави виртуелна тура низ објектот кој беше затворен многу брзо по неговото отворање поради пандемијата од коронавирусот.

Повеќе филмови на Гибли се достапни и на „Нетфликс“ за прв пат откако студиото потпиша договор со платформата за стриминг оваа година. Меѓу достапните филмови се „Spirited Away“, „Princess Mononoke“ и „Howl’s Moving Castle“.

Извор: Dazed&Confused