Анималиа: „Рајска градина“ во Прилеп е мачилиште на животни

Здружението за заштита на животните „Анималиа“ од Охрид реагира на состојбата во која се држат животнинките во прилепската мини зоолошка градина „Рајска градина“. На фотографијата која е споделена  на реакцијата на „Анималиа“ се гледа срна која е сместена во мал кафез и несоодветни услови.

Од здружението велат дека љубителите на животни повеќепати се жалеле за оваа немила глетка, но надлежните молчат.

„ Колку болно, колку нечовечно, до кога ли вакви нешто ќе сведочиме и зошто ли вакви нешта воопшто мора да ги има? Се мачат бе луѓе, се мачат, стрес голем е ова за нив, не се експонати за да ги изложуваш, та живи битија се. Како ли би ти било тебе со години в кафез да „живееш“? Како? Прилепчани, обединете се и кренете поголема галама за овој ужас“, се вели во реакцијата на Амималиа.

„Раска градина“ кај Могилата на непобедените во Прилеп беше отворена во 2012 година кога беа поставени осум кафези со ретки и егзотични птици, а како реализација на проект од „Ден на идеи” што го спроведува општината. Неколку месеци по отворањето, градината почна да се проширува со нови кафези за други животни и да функционира како мини золошка градина.