Анима Мунди отвори Центар за хуманост и борба против насилството врз животните

Здружението за заштита на животни Анима Мунди го отвори првиот Центар за хуманост и борба против насилството врз животнитево Република Македонија.

„Во услови кога насилството врз животните е сеприсутно во нашето општество преку Центарот ќе се обидеме да влијаеме на јавната свест и промовираме хуманост, но и да обезбедиме конкретни услуги за превенција/евиденција /санкција на насилството врз животните, кое, доколку не се перципира и третира со сериозност, ескалира во сите сфери во нашето општество и го деградира нашето живеење“, посочуваат од Анима Мунди.

Оттаму најавуваат дека Центарот ќе промовира хуманост, правда и права на животните, а ќе обезбеди и услови за координација и мобилизација на граѓани, волонтери и активисти. Во активностите на Центарот се вклучени и превенцијата и евиденција на случаи на насилство врз животните, ќе нуди правна помош и посредување во сите случаи на насилство врз животните, но и ќе соработува со институциите во насока да се обезбеди силна законска рамка која ќе ги штити животните во земјава.

Центарот е лоциран во ТЦ Бисер (на први кат) во  Скопје, а за сите информации граѓаните освен лично, може да го користат и телефонот 077 487 253, информираат од Анима Мунди.