Во сабота (28 септември) здружението Анима Мунди организира голема акција за вдомување во која активистите ќе се обидат на многу бездомни животни да им обезбедат топол дом, а на многу семејства домашно милениче.
Настанот ќе се одржи во спортскиот центар во Ново Лисиче, во општина Аеродром со почеток во 10 часот.
„Посочуваме дека секое кутре, или маче го добивате вакцинирано и прочистено од надворешни и внатрешни паразити, со отворена ветеринарна книшка. Истовремено со акцијата за вдомување ќе биде поставен едукативен штанд, каде ќе бидат изложени инфо материјали, а во секое време активистите на Анима Мунди ќе бидат достапни за совети и дискусија“, стои во повикот од здружението.