„Анима Мунди“: Да им се помогне на настраданите животни во невремето

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ ги повикува граѓаните и Дирекцијата за заштита и спасување и Агенцијата за храна и ветеринарство, да се вклучат во акција за спасување на настраданите животни во невремето во скопскиот регион.

Од здружението бараат животните да бидат сместени на безбедно место, или граѓаните и институциите на телефонските броеви 077 487 253 и 077 487 255 да ги контактираат здруженијата, давајќи точна информација за локацијата, каде животните се во опасност.

„Апелираме граѓаните кои ќе затекнат животно во опасност да сторат се или некоја од овие постапки: најважно – да го ослободат (одврзат) животното, зашто доколку остане врзано, нема шанси да преживее, или да се обидат да го сместат на безбедно, му дадат по можност храна и вода и да се побара помош. За да ја подигнеме јавната свест, или побараме помош и од инстутуциите, ги повикуваме граѓаните да ни доставуваат фотографии и информација за точната локација“, се вели во апелот на здружението.