Ангела Прилепчанска за првпат ќе ја претстави Македонија на Светско првенство во уметничко лизгање

Денес во 16.00 часот ќе настапи македонската претставничка Ангела Прилепчанска на ISU Junior Grand Prix (Светското првенство во ументичко лизгање за јуниори) што се одржува во Загреб, во категоријата-жени.

Ова учество е од голема важност за Македонската Федерација која пред речиси три месеци стана членка на ISU, но и за државата, која за првпат има претставник во уметничко лизгање на Светско првенство.

Прилепчанска во рамките на овој натпревар ќе настапи и на 30 септември со Слободен состав („Ladies Free Skating”) по што ќе следи конечно бодување и рангирање во рамките на Светската Јуниорска листа за уметничко лизгање-жени.