Андреа Бочели ќе пее во празната миланска катедрала, велигденскиот концерт ќе се пренесува на Јутјуб

Светски познатиот италијански оперски пејач, Андреа Бочели, во недела, за католичкиот Велигден, ќе пее во празната катедрала Дуомо во Милано, за на светот да му испрати пораки на љубов и надеж во време на пандемијата на коронавирусот Ковид 19.

„Нема да биде концерт, туку можност сите да се помолиме, молитва за Милано и целиот свет. Соочени со целосно болни, тажни ситуации, сакаме да испратиме порака за Велигден, порака за љубов и искупување“, рече тој.

Бочели ќе биде придружуван само од катедралниот оргулист Емануеле Вијанели. Заедно ќе изведат дела од сакрална музика, вклучувајќи ја и „Санта Марија“ од Пјетро Маскањи.

Концертот ќе се емитува на Јутјуб каналот на Бочели, со почеток во 19 часот.

„На репертоарот ќе бидат некои од најубавите дела од свети уметници“, откри Бочели.

Поканата за неговиот настап стигна од Градот Милано и катедралата.

„Оваа година Велигден ќе биде поинаков од вообичаеното. Сигурен сум дека извонредниот глас на Бочели ќе може да го загрее срцето на Милано, Италија и на светот“, истакна миланскиот градоначалникот Џузепе Сала.

Италија, посебно нејзиниот северен дел каде е градот Милано, се меѓу најпогонетите во светот од пандемијата на новиот коронавирус. Со цел да се спречи ширењето на болеста, за празникот Велигден, кој е викендов, е забрането традиционалното собирање на верниците во црвите.