Андре Риу на 6 јуни ќе одржи концерт во Скопје

Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) прославен како современиот „крал на валцерот“, на 6-ти јуни ќе настапи во живо во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје со неговиот 60-член оркестар „Јохан Штраус“, во рамки на неговата светска турнеја за 2019-та година.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот.

Меѓу останатите земји, во рамки на ланската светска турнеја Андре Риу настапи и во С.А.Д, Канада, Аргентина и Австралија, како и во Велика Британија. Со цел да се организира патувачката рута и превозот на неговата огромна продукција помеѓу континентите, сите фантастични костуми, инструментите и сценската конструкција постојат во четири идентични поставки. Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“. Неговите „ЈуТјуб“ видеа надминуваат далеку над милијарда прегледувања досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на Валцерот на „Фејсбук“.

Билетите за овој екслклузивен настан ќе бидат достапни во продажба од среда, 23-ти јануари од 10 часот на сите продажни места на МкТикетс и на www.andrerieu.com.