Анализа: Само 3,2% од домаќинствата живеат „лесно“ –  нов раст на минималната плата за подобра живеачка

Само 15,4% од домаќинствта можат лесно или подносливо лесно да ги задоволат потребите со вкупните месечни приходи, сите останати се соочуваат со проблем. Населението во Македонија главно живее од плати од вработеност и од пензии, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Додека податоците на Заводот за статистика покажуваат дека сиромаштијата во Македонија се зголемила на 22,2% во 2017 година, власата  најавува пакет на мерки со кои цел ќе бидат социјално ранливите категории на граѓани – годинва буџетот за социјални трансфери се искачи на 1,75 милијарди евра.

Живеачка од социјала, транфери од странство, пензии, плати…

Годишниот просек на вкупни раположливи приходи во едно домаќинство во земјава изнесува 6,080 денари, но јазот меѓу првата најсиромашна и последната најбогата група на граѓани е голем. Месечно, просекот на вкупните приходи на едно домаќинство изнесува 507 евра, од нив 59% се остваруваат од плата, 21% се од пензии,13,9% од приходите се од самовработување, а 4% се од социјани транфери.

Но, податоците покажуваат длабоки разлики меѓу првата, најсиромашна категорија на домаќинства и последната категорија на семјства кои, според висината на расположливи приходи се сметаат за најбогати, Така, годишниот просек на расположливи приходи кај најсиромашните домаќинства изнесува скоро 2100 евра или 175 евра месечно. Кај најбогатите семејства, вкупните просечни приходи на годишно ниво изнесуваат 10 900 евра или 908 евра месечно. Поради длабочината на сиромашија, кај овие семејства приходите од социјални трансфери и од приватни транфери се со повисок износ во однос  на богатите домаќинства.

Вкупни приходи                     најсиромашни домаќинства          најбогати домаќинства

приходи од плата                                 702 евра                                         7 189 евра

приходи од пензија                              395 евра                                        2 126 евра

приходи од социјални трансфери    387 евра                                        173 евра

приходи од приватни трансфери     170 евра                                         80  евра

За намалување, односно амортизирање на сиромаштијата, власта најави нови економски политики кои се комбинација од мерки за зголемување на социјалната поддршка и стимулирање на нови работи места, со особен таргет на младите невработени лица до 29 години. Со измените во законите со кои е опафатена  социјалната и детската заштита, според проценките на Министерството за труд и социјална политика, треба да стартува суштински процес за извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија.

„Со овие реформи гарантираме подобар живот, намалување на сиромаштијата и еднакви шанси за секое дете, но и активација на невработените на пазарот на труд. Ги повикуваме пратениците да гласаат за социјалната и детската реформа со што ќе покажат дека општеството е зрело за позитивни промени кои ќе значат многу за намалување на детската сиромаштија“ – соопштија од  ресорното министерството.

Според дел од аналитичарите, позитивно се оценуваат најавите за зголемување на социјалната помош, но ваквите политики за амортизирање на сиромаштијата ќе дадат ефект доколку не се преземаат други потези со кои на удар ќе биде животниот стандард.

„Можеби единственото за поздравување е порастот на буџетските средства за надоместоците во социјалната област во буџетот на Министерството за труд и социјална политика. Но, со оглед на тоа што паралелно планираат да удрат по најсиромашните, спречувајќи ги пензионерите, социјалците и хонорарците преку продавање на пазар да врзуваат крај со крај во месецот, сериозно се поставува прашањето дали промените во даночната политика имаат за цел подобрување на животниот стандард на најсиромашните или прибирање на дополнителни буџетски средства, кои, да, ќе се користат за фрлање трошки и подобрување на имиџот, но и ќе завршуваат во приватни џебови“ – вели Здравко Савески од “Левица“.

Според поставените контури, годинава со реформите пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати, со што детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца. Со цел намалување на длабокиот јаз меѓу сирмомашните богатите и подобрување на живтниот стандард на граѓаните, премерот најави дека и годинава ќе се зголеми износот на загарантираната минимална плата.

Стапката на сиромаштија без социјални транфесри во Македонија би изнесувала 40,7%.

Квалитет на живот…

Висината на раположливите приходи во едно домаќинство ги диктира кавалитетот на животот, при што податоците покажуваат дека и оние кои работат или примаат пензија не значи дека се надвор од зоната на преживување, односно сиромаштија.

„Од сите вработени лица  само 9 % се сиромашни, од сите невработени – 38.7 %, од пензионерите – 7.7 % и од другите неактивни 32.1 % се сиромашни“ – наведуваат од Заводот за статистика.

Според анакета која е спроведена во рамките на истражувањето на државната статистика, дури 47,4% од домаќинствата изјавиле дека тешко или многу тешко можат да ги задоволат животните потреби со вкупните месечни примања, 25,8 % рекле дека тоа го прават со извесни тешкотии а 15,6% од домаќинствата подносливо лесно или лесно можат да ги задоволат потребите со месечните приходи. Графата резревирана за граѓани кои можат „многу лесно“ да ги задоволат потребите е празна за 2017 година.

Според податоците, во 2017-та година, стапката на сиромашни лица во земјава  изнесуваше 22.2 %. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017-та година е 20 %. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите), изнесува 32.5 %.