Анализа: Ревизија во Кабинетот на Претседателот

Плаќање на надоместок на физичко лице за користење деловен простор во Тетово, три судски случаи во кои тужена страна е Претседателот на РМ, отсуство на одредби за регулирање на висината на платата на посебните советници во одделни институции – ова се дел од наодите и забелешките во ревизорските извештаи кои под лупа ги ставија сметката на основниот Буџет и сметката на Буџетот на донации – меѓународна обука за млади лидери на Кабинетот на Претседателот на РМ, пишува Portalb.mk. За финансиските извештаи за 2017 година ревизијата изразува мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи како и за усогласеноста на законската регулатива. Од страна на одговорното лице, ревизорите не добиле забелешки во однос на Нацрт – извештајот.

Исплата на надместоци, пресметка на плати, тужби

Ревизорите во 2017 година констатираат неколку прашања поврзани со некомпатибилност, а се однесуваат на одземено корисничко право за користење на деловен простор, преотстапување на движни ствари-книги од друга институција, судски постапки во тек и спроведени сметководствени корекции во текот на ревизијата.

За добиени дарови во претседателскиот кабинет има евиденција по вид, количина и година на прием но не е извршена проценка на вредноста на истите, за дел од недвижните ствари не е извршено целосно осигурување за заштита од непредвидени ситуации.

„Кабинетот на Претседателот има воспоставено евиденција по вид и количина на добиени дарови по години, но не и сметководствена евиденција поради неизвршена проценка за утврдување на вредноста на истите. Во текот на ревизијата Кабинетот достави барање до Бирото за судски вештачења за проценка на вредноста на стварите заради сметководствено евидентирање на истите“ – се наведува во ревизорскиот извештај.

Интересен е случајот со користење на деловен простор за “народна канцеларија“ во Тетово. Имено во 2010 година кабинетот на Претседатеот со владина одлука го добива просторот за користење без надоместок, но во 2015 година, тој деловен простор се продава на физичко лице, а притоа не се укинува Одлуката со која институцијата Претседател располага со канцелариите, по што од октомври 2016 година на сопственикот – газдата на деловниот простор му се плаќа закупнина. Така, ревизијата нотира:

„Поради потребата од понатамошно користење на деловниот простор за потребите на народната канцеларија во Тетово, кабинетот на Претседателот плаќа закупнина за користење на наведениот простор врз основа на договор склучен со физичко лице , сопственик на деловниот простор“.

Со владина одлука во текот на 2015 и 2017 година, на Кабинетот на Претседателот му се даваат на трајно користење книги во износ од 103 000 денари преку Министерството за култура, пишува Portalb.mk. Но ревизијата обелоденува дека до моментот на ревизијата не било направено примопредавање на книгите.

„Во договорите е уредено дека примопредавањето на книгите ќе се изврши со записник, по што Министерството за култура се обврзува од својата книговодствена евиденција да ги зибрише движните ствари-книги што се предмет на примопредвање а Кабинетот на Претседателот да ги воведе во својата книговодствена евиденција. Истакнуваме дека до моментот на вршење на ревизијата, не е извршено примопредавање на книгите“ – пишува во ревизиорскиот извештај.

Ревизијата открива дека институцијата Претседател е тужена страна во три судски случаи.

„Обрнуваме внимание на постоење на неизвесност во однос на исходот од три судски постапки кои се во тек а во кои тужена страна е Претседателот на РМ – Кабинет на Претседателот по основ на остварување на право на додаток на плата за стекнати степени на кариера од страна на вработени во Кабинетот во износ од 40 илајди денари. Исходот од постапките може да влијае на износот на расходите на Кабинетот во иден период“ – нотира ревизорот и лоцира недоследности во однос на регулирање на платите на посебните советници:

„Со извршената анализа на одредбите од наведениот закон, утврдивме отсуство на одредби за регулирање на висината на платата на посебните советници во одделни институции“.

Ревизорот забележува и на коефициентите за пресметка на платите, па така се посочува:

„Истакнуваме дека во одредбите во наведениот закон, освен за заамник на секретарот на Собрание на РМ за кој е утврден коефициент во висина до 3.4 , не е утврден коефициент за утврдување на платата за категоријата заменик генерален секретар на Кабинетот на Претседателот“.

Ревизијата препорачаува и прецизирање на одлуката со која се регулира исплатата на надоместоци за членови на комисии и постојани и привремени работни тела формирани од институцијата Претседател, а чија надоместок изнесувал 6 000 денари по одржана седница.

„Преиспитување и доуредување на: законската и подзаконската регулатива во делот на утврдување на висината и начинот на пресметка на платата на посебните советници. Преиспитување на утврдениот коефициент за пресметка на плата на секретарот на Кабинетот на претседателот во Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието на РМ и други избрани и именувани лица. Одлуката за организација и делокруг на работата на Кабинетот на Претседателот во делот на утврдување на правото на надоместок на членовите на постојаните и привремените работни тела“ – се наведува во препораките на ревизијата.

По нацрт-извештаите спроведени се состаноци со одговорното лице, но не се доставени забелешки во однос на ревизорските наоди.

Извор:  Portalb.mk