АНАЛИЗА: Работниците чекаат повисок минималец, бизнисмените и Владата на различни позиции!

Бизнисот не е подготвен за ново зголемување на минималната плата, Владата прави пресметки а стопанствениците предупредуваат на натамошен раст на трошоците што ќе се одрази врз ликвидноста во приватниот сектор, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Особено реагираат од текстилната и кожарската индустрија – сектори кои се најзасегнати со порастот на минималецот.

Повисок минималец – повисоки трошоци…

Владата влезе во процес на пресметки и консултации со приватниот сектор за нов пораст на минималната плата, која сега изнесува 12 000 илајди денари. Според првичните информации, зголемување ќе изнесува 1 000 денари на нето основа, но на бруто основа трошоците би можеле да пораснат, реагираат дел од стопанственците.

Во моментов нема услови за зголемување на минимална плата . Ниту претходното зголемување на минималната плата не е апсорбирано и тешко дека ќе биде. Само се зголемија минималните плати поради законски притисоци а не се придвижи спиралата туку се случи  “урамноловка“ .  Ова произлезе  од фактот  што зголемувањето на платите не е резултат на зголемена продуктивност или  подобрени  реалните можности  на компаниите по разни основи .Компаниите од трудоинтензивните индустриски гранки  се соочија со големи проблеми а дел од нив и престанаа со работа. Особено во кожарската, чевларската  и текстилната индустрија“ – вели за „Порталб“ Маријана Перковска од Кластерот за текстил и додава:

Секогаш во јавноста се манипулира со нето зголемување на платата иако тоа е во бруто износ е на терет на компаниите така да секое зголемување во принцип е за  30% поголемо од најавеното . Трошоците на компаниите растат во секој поглед и не само во делот на платите , а курсот на денарот останува ист.  Како е можно со ист прилив да се сервисираат се поголеми и поголеми трошоци. Неопходни се перманентни субвенции или реален курс на денарот за да се апсорбира овој дизбаланс. Инцидентни и повремени интервенции немаат никаков резултат на долг рок“. 

Неодамнешната анкета што ја спроведе Делегацијата на Германското стопанство покажала дека 40 отсто од германските фирми кои имаа бизнис во земјава се со став дека годинава не треба воопшто да се зголемува минималецот, а 40 отсто прифаќаат само зголемувања од 3 до 5 проценти. Дури 65 отсто од фирмите изјавиле  дека зголемувањето на минималната плата не е замено предвид во буџетот на нивната компанија, а 35 проценти го предвиделе тоа. Податоците од ова истражување покажале дека 90% од комапниите сметаат дека продуктивноста во земјава е на пониско ниво во однос на земјите кои се конкуренција на Македонија во привлекување на странски капитал. И економистите предупредуваат на пораст на трошоците на компаниите во услови на сеуште ранлива економија поради политички тубуленции и неизвесност.

„Додека ние зборуваме за минимална плата, како што стојат работите, може да се случи да нема на кого да му ја даваме. Се соочуваме со голем проблем на дефицит на кадар на пазарот на труд, луѓето си заминуваат па како што одминува времето дискусијата за минимална плата па и за просечна плата од 500 евра ќе стане дегутантна. Оваа плата од триесет илајди денари во вакви околности, дури и без да се преземат “дополнителни мерки“ ќе се дојде сама од себе за период од дев-три години а клучен фактор за тоа ќе биде токму недостатокот на работна сила, стручен и обучен кадар. Спорде сегашната пресметка минималната плата е утврдена во бруто износ и е на висина од 17 170 денари или 12 000 нето износ и треба се изма предвид дека како што се  менуваат социјалните давачки , така минималната плата се намалува преку бруто износот и затоа сметам дека е погрешен пристапот минималната плата на да позиционира на ваков начин. Друго е преашањето што значи минималната плата од аспект на трошоци за компаниите, јас не сум против минималната плата но треба да се има предвид кондицијата на стопанството“ – вели економистот Павле Гацов од Здружението на даночни советници.

Буџетски пари за поддршка на фирмите …

Пред да се донесе одлука за ново законско зголемување на минималната плата, од Владата најавија дека ќе се направи анализа на состојбата пришто Министерството за труд и социјална политика ќе направи консултација со работодавачите но и со претставници на текстилната и кожарската индустрија – трудоинтензивни сектори кои апсорбираат гоолем број на вработени.  Премиерот Заев најави дека Владата ќе учествува во покривање на дел од трошоците на фирмите поврзани со исплата на минималната плата.

„Намерата наша ја објавивме, сите да ја знаат, бидејќи ние сме лево ориентирана Влада, каде гледаме да има рамномерна распределба на продуктивноста и доходовноста меѓу капитал факторот и работниците, со тоа што државата е со намера преку континуирано зголемување на минималната плата, целта ни е да направиме вкупен ефект на подигање на платите во државата, преку отворање на спиралата на платите, ама со тоа да не им нбаштетиме на бизнисите, односно на нивната одржливост“ – изјави премиерот Зоран Заев при соопштување на одлуката за зголемување на минималецот и во оваа календарска година.

Пред една ипол година Владата со законски измени минималната плата од 10 080 денари ја зголеми на 12 000 денари. Во пакет со одлуката за зголемување на минималецот, лани Владата одвои 6 милиони евра буџетски пари за поддршка на фирмите во однос на зголемените трошоци за исплата на минималната плата, но голем дел од овие пари на крјот од годината не беа искористени. Проценките на власата беа дека растот на платите по максимум 2 000 денари од вработен или 16 отсто нема да биде  голем товар за бизнисот а од друга страна ќе биде голем бенефит за околу 130 000 вработени.  Мерката за поддршка на трошоците за минимална плата е дел од пакетот за економска помош за домашните компании, но дел стопанственците велат дека сеуште не може да се зборува за конкретни ефекти.

За тоа какви се резултатите и ефектите од владините мерки сеуште е рано да се говори . Намерите се позитивни но потребен е период минимум од две до три години за да се проценат вистинските ефекти. Доколку овие мерки не ја придвижат целата економија туку само поединечни правни субјекти целта не е постигната“ – вели Перковска. 

Македонија беше една од последните земји во Европа што го воведе минималецот – утврден како  најнизок месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок.  Право на минимална плата, според одредбите од на Законот за минимална плата, имаат сите работници.