Анализа: Нова „должничка“ листа – 816 државни субјекти пријавиле доспеани, а неплатени обврски

Објавена е новата „должничка“ листа на државни субјекти. Според податоците, на крајот од третиот квартал вкупниот долг на училиштата, болниците, општините, јавните претпријатија, институциите од култура, судството изнесуваат 329,4 милион евра. „Порталб“ во континуитет ја следи состојбата со доспеаните а неплатени обврски на државните институции, фирми, агенции, судство, здравство.

Кој, колку и по кој основ должи …

На крајот од третиот квартал на новата должничка листа на Министерството за финансии се евидентирани 1 153 државни субјекти – институции но 816 пријавиле доспеани а неплатени обврски. Во однос на вториот квартал вкупниот долг е намален  за околу 2,5 милиони евра, но сепак има  тенденција на пораст на долговите  во здравството, кај општините и општинските јавни претпријатија.

                      Доспеани а неплатени обврски ( трет квартал 2021 )

Општини                                                                      62,8 милион евра

Јавни претпријатија и државни фирми               124,6 милион евра

Општински јавни претпријатија                             52,3 милион евра

Јавни здравствени установи                                   62,1 милион евра

Намалување на доспеаните побарувања има кај јавните претпријатија и државните фирми – во период од три месеци за нешто повеќе од 3 милион евра.

На прво место со долг во износ од 60,8 милион евра е АД МЖ „Транспорт“ – Скопје, на второ место со доспеани а неплатени обврски е 23,1 милион евра е АД „Македонски енергетски ресурси“, на трето место е државното  ЈП „Македонски Железници – ИНФРАСТРУКТУРА“  со обврски во износ од 16,5 милион евра, општина Тетово со долг од 11,9 милион евра е на четврто место а на петто е ЈП Колекторски систем Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од 8,3 милион евра.

На должничката листа меѓу првите „50 најголеми должници“ и натаму се поголем број на општини со пријавени милионски долгови. Освен општина Тетово, високо котира и општина Охрид со долг од 6,7 милион евра, на деветто место на листата е општина Гостивар со обврски во износ од 5,4 милион евра, општина Карпош пријавила 4,2 милион евра долг , општина Делчево должи 3,1 милион евра.

                             Доспеани а неплатени обврски – општини

Тетово                                                     11,9 милион евра

Охрид                                                        8,3 милион евра

Гостивар                                                    5,4 милион евра

Карпош                                                      4,2 милион евра

Делчево                                                     3,1 милион евра

Во група од 50 најголеми должници според износот на обврските се и општините Струга, Делчево, Кавадарци, Желино, Врапчиште, Студеничани, Кичево а на вкупната должничка листа се наоѓаат голем број на други општини. Кај дел од Јавните претпријатија има намалување на долговите, но кај општинските јавни претпријатија регистрирано е зголемување на долговите за 3,8 милион евра само за три месеци.

На листата со долг од скоро 8 милион евра е  ЈП Водовод Куманово со Ц.О Кумановопотоа е скопски ЈП Водовод и канализација –Скопје со доспеани обврски во износ од 6,2 милион евра, ЈКП Тетово Ц.О – Тетово должи 4,8 милион евра, ЈП Чистота и зеленило – Куманово пријавиле долг од 4,2 милион евра,  ЈП за Комунални дејности комуналец Ц.О Струмица пријавиле 4 милион евра а АД „Водостопанство“ – Скопје е со доспеани а неплатени обврски во износ од 3,9 милион евра.

На должничката листа 20 – на агенции под „државна“ капа пријавиле доспеани а неплатени обврски – со највисок износ на долг во оваа група е Агенција за електронски комуникации со пријавени обврски во износ од скоро 500 000 евра, Агенција за катастар на недвижности има долг од 114 000 евра а Агенција за храна и ветеринарство должи 50 000 евра на крајот од третиот квартал.

                                    Доспеани а неплатени обврски

Трет квартал 2021                                              329,4 милион евра

Трет квартал 2020                                               305,9 милион евра

Во третиот квартал од годинава во споредба со истиот лани вкупниот долг на државниот сектор на централно и на локално ниво е зголемен за 23,5 милион евра.

Во следната „Анализа“ Порталб ќе објави податоци за долговите на здравството, културата, министерствата.