Анализа: „Незапирливо“ се топат каматите за штедење – најниско ниво изминатата деценија

Продолжува трендот на намалување на каматите за штедење – просечната камата на вкупните депозити се спушти на ниво од 0,92%. Депозитното портфолио на банките е во пораст – но каматите се намалуваат, пишува „Порталб“. Пад и на каматите и на кредитите. Со почетокот на оваа година и депозитната база и кредитната изложеност достигнаа највисоки вредности, со што вкупните депозити надминаа 7 милијарди евра.

Воздржано трошење – штедењето во пораст

Фантастични 7,1 милијарда евра лежат во банките – депозити на сите клиенти. Штедењето е во пораст и со почетокот на оваа економска година. Новите податоци покажуваат дека депозитната база во февруари, на годишно ниво е зголемена за 7,1%.

Вкупни депозити 7 093 000 000 евра

Депозити на домаќинства 4 706 000 000 евра

Депозити на корпоративен сектор 1 953 000 000 евра

Останати 434 000 000 евра

„Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари, се зголемени за 0,5% на месечно ниво. . Анализирано на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 13,7%, заради растот на депозитните пари и краткорочните и долгорочните депозити во странска валута“ – наведуваат од Народната банка. Во однос на депозитите на домаќинствата констатираат:

„Кај вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, е забележан месечен раст од 1,3%. Во споредба со истиот период претходната година, овие депозити се зголемени за 5,2%, во целост под влијание на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута“

Според банкарите, растот на депозитите, и покарј трендот на намалување на каматите, е очекуван тренд во услови на економска криза. Граѓаните се воздржуваат од “непродуктивни“ трошења поради страв кој го носи економската неизвесност. Оттука, велат банкарите, иако каматите за штедење веќе се спуштија под 1 отсто – штедењето продложни, со акцент на краткорочните депозити во странска валута кај населението.

Депозити на население

Девизно штедење 2 216 000 000 евра

Денарско штедење 2 500 000 000 евра

По увид во гензата на движење на каматните стапки за штедење – податоците покажуваат дека од 2011 година, сегашните камати за штедење се на историски најниско ниво.

Каматни стапки на депозити 2021 февруари/ 2020 февруари

Вкупни депозити 0,92% / 1,19%

Новопримени депозити 0,71% / 0,98%

Пиковите на каматни стапки за штедење оддамна се минато – па така во 2011 та година каматите за денарските депозити биле околу 5 отсто додека за девизното штедење над 2 проценти. Оттогаш започнува тренд на намалување на каматите за штедење.

Вкупни кредити во износ од 5,8 милијарди евра

Се намалуваат каматите на депозитите – регистрира нов пад и на каматите за кредитите.

„Во февруари, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, изнесува 3,70% и на месечно ниво е минимално намалена. Кај каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, е забележан месечен раст од 0,16 п.п. и изнесува 3,76%. Нагорната промена се должи на зголемените каматни стапки на денарските кредити. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,06 п.п“ – наведуваат од НБМ.

На крајот од февруари 2021 година, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 5,8 милијарди евра, од нив 2,8 милијарди евра се кредити на корпоративниот сектор додека задолженоста на домаќинствата изнесува 3 милијарди евра. Интересно е дека со почетокот на оваа година забележана е зголемена побарувачка на станбени кредити.

„Годишниот раст на кредитите на домаќинствата22 во јануари изнесува 7,4%, при раст и на станбените и на потрошувачките кредити. Во однос на валутната структура, поголем придонес во годишниот кредитен раст имаат кредитите во домашна валута“ – се наведува во најновиот извештај на НБМ.

Неодамна Народната банка повторно ја намали основната камата со очекување дека банкарите ќе го следат овој сигнал за натамошно намалување на каматите за кредитите, особено сега во економска криза, но пониските камати на кредитите повлекуваат намалување и на каматите на депозитите.

Извор: Порталб