Анализа: Евроинтеграциите – шанса за подобар стандард!

Европската унија испорача условен датум за почеток на преговори НАТО ја напиша поканата за членство што ќе ни ја адресира на јулскиот самит. Решението за спорот со името ги деблокираше евроатланските интеграции, но внатрешните, се уште присутни проблеми го условија почетокот на преговорите за интеграции во ЕУ.  Македонија ја чека долг реформски пат, на кој ќе треба да се покаже политичка волја и да се носат тешки одлуки, коментираат дел од аналитичарите за „Порталб“. Реформи ја чекаат и нашата економија, која според сегашните перформанси е една од најсиромашните во Европа.

Низок стандард – големи очекувања

Точно е дека по членството во НАТО и во Европската унија, економиите на новопримените земји драматично не напредуваа, но сепак трендовите  се позитивни, треба да се има предвид дека зборуваме за економски развој на земји, дел од нив кои беа долги години заглавени во комунизам,  а од друга страна ги имаме развиените европски економии, во кои животниот стандард изгледа недостжен во однос на просекот во  замјите од нашиот регион, коменитираат дел од економистите.  Сепак, сметаат дека евроатланската интеграција на Македонија ќе има позитивен ефект врз економијата.

„Отворањето  кон европските интеграции ќе отвори и нова перспектива за земјава, еден од проблемите со кои би се соочиле е миграцијата што ќе влијае на внатрешната економија, но мора да се каже дека и сега со глобализацијата, не можеме да го спречиме овој процес – а тоа е протокот производи и на луѓе. Мора да го видиме ефектот во различни сектори. На пример, да го видиме преку ангажманот на  еден работник кој во Германија, со својот занает ќе добие просечна плата до 1 500 евра а за да ги добие ќе мора да одработи вистински 8 работни часови, односно да биде продуктивен. Тоа ќе се рафлектира директно во домашната економија, бидејќи и тука фирмите и вработени ќе се стремат да се напушти концептот на ниска плата заедно со ниската продуктивност што сега ја имаме,“вели економистот Фатмир Битиќи .

Според најновите податоци на Еурсостат, најсилни европски економии остануваат Белгија, Данска, Луксембург, Ирска, Германија, Австрија, Шведска. Од друга страна, најсиромашни европски економии, според просечното ниво на животен стандард се Бугарија и Хрватска, но сепак подобри во однос на земјите – аспиранти, како Македонија, Албанија, Црна Гора.

                Животен стандард во однос на европскиот просек

Германија     123%                                       Грција       67%

Луксембург   253%                                       Хрватска   61%

Белгија          117%                                       Бугарија    49%

Според податоците на официјалната европска статистика, земјите – аспиранти за членство во Еврпската унија значајно заостануваат зад европскиот стандард.

          Животен стандард во однос на европски просек/земји аспиранти:

Македонија   37%

Албанија       29%

Србија           37%

Црна Гора     46%

Поранешниот министер за финансии, професорот Никола Поповски за „Портралб“ вели дека евроатланските интеграции можат да влијаат на позитивни трендови во економијата, но одлуките за тоа каков ќе биде економскиот концепт,  сепак на крајот ќе зависат од креторите на политиките, внатре во земјата.

„Точно е дека соседните земји и со влезот во ЕУ и/или НАТО не успеаја значително да ги подобрат своите економски перформанси па веројатно тоа не очекува и нас на долг рок. Тоа што е поважно е да сфатиме дека нашата економска состојба пред се ќе зависи од нашата умешност добро да ја водиме економијата а не од некакви нереални очекувања дека состојбите по автоматизам ќе се подобрат. НАТО е само еден од добрите предуслови, но никако и гарант на добрата економска состојба во билокоја земја, вели универзитетскиот професор Никола Поповски.

Македонија, според најавите треба да влезе во скриниг-процесот, како претходница на почетокот на прегововорите  за членство во Европската унија.  Она што на краток рок не очекува е поканата за членство во НАТО. Влезот во северноаталнсиот сојуз, според Исмет Рамадани, претседател на невладината организација Евро-Атлански совет на Македонија, ќе биде прв и значаен сигнал за влез на странски инвеститори.

„Самиот факт што добиваме покана за членство во НАТО ние ќе станеме и полноправна членка на североатланскиот сојуз, што ќе значи дека ќе споделуваме исти вредности со останатите земји – членки на НАТО, од кои поголемиот дел се и членки на Евроспката унија. Во тие критериуми, како комплементрани, освен безбедносните прашања и армијата, има и други, поврзани со правната сигурност и економијата. Сериозните компании кои се подготвени да инвестираат, првото прашање што го поставуваат  се однесува на регулативата односно на правниот систем и второт прашање се однесува на безбедноста. Треба да ни биде јасно дека интересот на странските компании пред се е нивниот капитал да биде гарантиран и безбеден, заштитетн,“ вели Исмет Рамадани за „Порталб“

Последносто поголемо проширување на Европската унија се случи во 2007 та година кога кон Унијата пристапија Бугарија и Романија, земји кои се одлучија на овој потег 17 години по падот на комунизмот.  При влезот во ЕУ, Бруто домашниот производ по глава на жител во Бугарија изнесуваше 4 860 долари а во 2016 се искачи на 7 580 долари или зголемување за скоро 36%. Во случајот со Романија, БДП по глава на жител во 2007 година изнесувал 6 520 долари а во 2017 година се зголемил на 9 480 долари, или за  31 %.

Во истиот анализиран период во Македонија БДП по глава на жител (споредба 2007 -2016 година) се зголемил за 28%, но во апсолутен износ,  земјава застанува со 5 890 долари БДП по глава на жител. Слични трендови беа забележани и кај земјите кои пристапија кон НАТО, па така „Порталб“ веќе анализираше дека во Бугарија, пет години пред да стане членка во НАТО, странските директни инвестиции како процент од БДП изнесувале 7%, додека пет години од влезот во НАТО тие  пораснале на 19,7% годишно, а во Албанија, по влезот во НАТО, на годишно ниво странските инвестиции се зголемуваат и за една милијарда евра ( на пример во 2016 година) и тие достигнаа околу 10% од Бруто домашниот производ.

Поканата за членство во НАТО, Македонија ќе ја добие на јулскиот самит, додека полноправното членство ќе се случи откако ќе завршат правните процедури, заедно со референдумот, со кои ќе се создадат услови за уставни измени.