Анализа: Економски последици – кризно “цунами“ од Русија, преку Украина и ЕУ до Македонија

Пред околу 15 години Русија беше еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, со трговска размена поголема од 660 милиони евра. Петнаесетина години подоцна – Русија е на 20 место како трговски партнер на земјава. Но, и натаму останува високата зависност на земјава од руските енергенси – од гасот кој од Русија преку Украина и европската траса завршува во земјава. Но и Македонија го губи рускиот пазар каде пласиравме главно овошје и зеленчук, пишува “Порталб“. Рускиот напад на Украина ќе донесе цунами на економски последици за земјите од Европската Унија а со тоа и на Македонија.

Русија – стратешки трговски партнер на ЕУ – а ЕУ на Македонија…

Руската агресија на Украина ги црта контурите на новата економска криза. Русија  е петти трговски партнер по големина на Европската Унија, водечки за Германија кој пак е прв трговски партнер на Македонија – лани вкупната размена меѓу Македонија и Германија изнесувала  259,7 милиони евра.

Во моментов Русија е на 20 ти по големина трговски партнер на Македонија – доминира нашиот увоз на енергенси – пред се гас но и на житарици, ѓубрива, додека пак рускиот пазар за нас значи пласман на овошје , зеленчук лекови, вино, градежни материјали.

Трговската размена со Руската Федерација изнесува околу 200 000 000 евра

                                   Трговска размена Македонија – Русија

Извоз во Русија            48 330 000 евра

Увоз од Русија              150 325 000 евра

За разлика од Русија, Украина не е во групата на „20“ најголеми трговски партнери на Македонија. Нападот врз Украина ќе има неминовни последици за Европа – оттука и за Македонија чии главни трговски партнери се токму од ЕУ.

Зависноста на ЕУ од Русија се крши главно во енергетскиот сектор, 40% од енергенсите во ЕУ се од Русија а 35% е зависноста од рускиот гас,  огромна е и зависноста на “Западот“ и од руските железо и челик поради што повеќе индустрии веќе се во застој. Но опасноста не демне само во енергетскиот сектор, автомобилската и градежната индустрија  туку и за храната. Русија до пред почетокот на воениот напад беше најголемиот извозник на пченица а Русија и Украина заедно обезбедуваат четвртина од светското производство на овој основен производ за храна. Но дали демне опасноста  Македонија не директно – но индиректно, поради ризики од застој во синџирот со снабдување на основни прехранбени,  да се соочи со криза?

Увозна зависност на Македонија…

Податоците покажуваат дека нашата зависност од увоз на храна но и на производи за преработувачката индустрија е во пораст. Само за увоз на земјоделски производи, производи на шумарство и риба годишно трошиме 153 000 000 евра и оваа зависност лани во споредба со 2020 та е зголемена за 9%. И преработувачката индустрија е во голема зависност – за увоз на производи за потребите на овој сектор се трошат 8 900 0000 000 евра и лани оваа увозна зависност се зголемила за 26,2%. Најдраматичен пораст на увозот за 80,4% лани имало кај електричната енергија, гасот – а токму Русија е еден од главните играчи за испорака на гас.

                                                    Увоз во Македонија

Производи за широка потрошувачка                           8 913 676 00 0  евра

Земјоделски производи(шумски и рибарство)          153 000 000 евра

Електрична енергија, гас, пареа                                    277 980 000 евра

Македонската Влада најави дека се анализира и следи состојбата и доколку има потреба ќе се преземат мерки за зајакнување на стоковите резреви.

„Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а како Влада ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто“ соопштија од Владата.

За разлика до власта опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се интервенира со сегашните стокови резерви за да се спречи натамошен пораст на цените, пред се на лебот и на печивата.

“Доколку стоковите резерви се полни, власта треба веднаш да интервенира, а доколку не се, да одговори зошто до сега не биле наполнети и што чекаа додека сите земји купуваа резерви?“ – прашуваат од партијата.

Само 1% финансиска изложеност на Македонија кон Русија и Украина

Во банкарскиот систем во земјава не постои банка со доминантна руска или украинска сопственост. Според податоците од Народната банка финансиските обврски и финансиските побарувања кон овие две земји се помалку од 1% од вкупните финансиски средства и обврски поради што не постои директна опасност од ризици во овој сегмент.

За Руската економија пак Македонија е симболичен трговски “играч“ во споредба со најважните Кина, Белорусија, Казахстан.  Македонија и Русија воспоставија дипломатски односи во јануари 1994 година.

Оттогаш се склучени 20 -на  Спогодби меѓу Македонија и Руската федерација за олеснување на економските, културолошките, инфраструктурните релации – за поттикнување на заштита на инвестиции, за ослободување на двојно оданочување, за соработка во енергетика, сообраќај, за соработка при изградба на гасовод.  Иако Украина не котира високо како трговски партнер на Македонија, сепак тој пазар беше еден од најатрактивните за нашите градежни компании. Македонија и Украина во 2001 та склучија Договор за слободна трговија и уште серија на други спогодби.

Извор: Порталб