Анализа: Економија потпрена на еден сектор – до кога?

Во услови на политичка неизвесност, економијата и во вториот квартал испорача позитивна стапка на раст – скормно зголемување од 2,2%. Клучен столб на која се потпира БДП и натаму е градежништвото, секотор во која има пораст од 31%. За разлика од градежниот сектор, речси си кај сите останите е регистриран пад, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Дел од економистите очекуваат дека до крајот на годината, растот ќе забави, затоа што фирмите, односно приватниот сектор, поради влошена финасиска и ликвидносна состојба нема да успее да ги испорача зацртаните владини проекции.

Економијата расте – стандардот под „мраз“ ?

Негативни трендови во преработувачката индустрија, рударството, финасискиот сектор, осигурувањето регистрираше државната статистика во втроиот економски квартал. За разлика од овие сектори, градежништвото и натаму доминира , како носечки столб на економскиот раст. Позитивни стапки има и во административните и помошните услужни дејности како и минимален пораст во трговијата.  Сумирано, во втроиот квартал економијата испорача раст од 2,2 отсто, ниво кое е минимално повисоко од растот вопрвиот квартал, но пониско во однос на растот во истиот период лани, кога БДП се зголеми за 3,4%. Дел од економстите очекуваат дека во следниот перод економијата ќе забавува.

„Во услови на политичка криза вообичаено е да дојде до намалување на делот од доходот за потрошувачка (личната и јавната потрошувачка), намалување на нарачките, посебно од странство, потоа намалување на вкупната инвестициона активност, а доколку политичката криза се одолговлекува, постои реален ризик за селење на капиталот во посигурни подрачја за инвестирање. Не очекувам поголем раст на БДП од 1% до 1,5% во третото и четвртото тромесечие. Очекувам извесно раздвижување на економската активност, преку вбризгување на дополнителни средства од буџетот во стопанството, обезбедени преку задолжување на домашен терен и во странство. Со тие пари би се обезбедиле плаќања на доспеаните обврски, нови нарачки, плаќање на субвенции на земјоделците и други видови на испалти од буџетот, но тоа ќе биде недоволно за позначајно раздвижување на стопанската активност“, вели за Portalb.mk универзитетскиот прфесор Сами Бислими.

Политички неизвесната 2015 година заврши со економски раст од 3,7 отсто, главно потпрен на градежниот сектор, кое на ниво на целата година оствари пораст од 16,8%. За разлика од градежништвото, ланската година земјоделството, преработувачката индустрија, јавната управа, одбраната не прикажаат позитивни стапки. Просечниот Бруто домашен производ за 2015 година по глава на жител изнесуваше 4 401 евро, или со толку пари годишно располагал секој жител на земјава. Економстите велат дека економскиот раст треба да се анализира преку споредба со другите параметри, односно колку тој раст реално го подбрува животниот стандард, каква е распределбата  и каква е релацијата во односно на задолжувањата, односно дали Јавниот долг е во функција на растот на БДП.

“БДП по глава на жител ја преценува економската моќ на населението. БДП по жител е околу 370 евра месечно, што значи 1500 евра месечно за четиричлено семејство. Колку семејства кај нас имаат месечни примања од 1500 евра? БДП во себе ги вклучува и профитите на фирмите, и амортизацијата која тие ја плаќаат за своите инвестиции, и услугите кои државата им ги обезбедува на граѓаните без тие да плаќаат за нив од џеб (безбедност, здравство, образование. Затоа, постои голема разлика помеѓу БДП и расположливиот доход на населението (т.е. доходот кој што луѓето всушност го добиваат на рака). Расположливиот доход е многу помал, околу 50-60% од БДП, т.е. околу 2500 евра по жител“ – изјави неодмана за Portalb.mk економистот Бранимир Јовановиќ.

За годинава, дополнителен проблем е и алармот за неликвидност што го испрати приватниот сектор. Имено анкетата на Стопанската комора на Македонија покажала дека 42% од фирмите имаат прблем при наплата на побарувањата, а на листата должници, според нив е и самата држава и јавниот сектор.

“Проблемот на неликвидноста е подолгорочен, само што сега исплива на површина, првенствено поради фактот што во вакви политички превирања, секој настојува  да ги одложи плаќањата на обврските, нарачките, купувањата, а тоа директно влијае на намалување на доходот, поточно приливот на готови пари. Инаку, состојбата со ликвидноста зависи од количината на пари во оптек, како и од бразината на оптек на парите. Ресшението е во вбризгување на дополнителна количина на пари, или пак во забрзување на оптекот на парите“, вели професорот Бислими.

Највисоката стапка на економски раст беше измерена во 2007 година од 6,5%. Тоа е практично и највисокото ниво на измерен економски раст од 1993 та година. Според податоците на надлежните институции, земјава во целиот овој период не успеа да испорача континуирани и одржливи стапки на раст. Имено, во овие  25 години, дури  шест години се во знакот на криза, со негативна стапка на раст.

Според проекците на Народната банка, годинава, според песимистичкото сценариот, се очекува раст на економијата од 1,6%. Во оптмистичкото сценарио на НБМ, како и проекциите на владата, растот на БДП се очекува да биде надмине 3 отсто. Македонската економија долги години се бори за вакви стапки на економски раст, кои многу бавно или воопшто не се одразуваат врз животниот стандард. Според едно неодамнешно истражување на Светска банка, на земјава ќе и треба раст од 4,5% во приод од  три децени за да се доближиме до европскиот стандард.  Според европската статистика, македонските граѓани сега се во групата на најсиромашни, со стандард кој изнесува само 36% во однос на европскиот просек.