АМС со повик до млади за учество на обука за развој на претприемачкиот дух

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото кај младите луѓе, објавува јавен повик за учество во обука за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини.

 Обуката е составена од два модула, во кој првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот, додека вториот модул од обуката се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис.

На повикот можат да се пријават млади лица на возраст од 18 до 25 години, државјани на Република Македонија.

Сите заинтересирани за учество во обуката, подетално може да се информираат од официјалната интернет страница на Агенцијата за млади и спорт, каде може да ја симнат пријавата и електронски да аплицираат за учество на истата. 

 Јавниот повик за пријавување на учесници трае до денес, 15 октомври.