Американско училиште експериментира со клупи-велосипеди, за да можат децата да се „издуваат“

Основното училиште Парамус во американската држава Њујорк од неодамна експериментира со воведување клупи со вградени педали, на кои децата, освен што седат и учат, можат и да учествуваат во физичка активност.

Според властите, во традиционалните училишта, децата се принудуваат да седат мирно и да се фокусираат на наставата со часови, што не е природно, особено за учениците од првите одделенија.

Децата го опишуваат новото искуство како „опуштaчко“. Во една училница се поставени десетина клупи со педали, а децата веќе се жалат дека ги нема доволно. Направена е специјална листа, според која учениците се менуваат на клупите-велосипеди.

„Тоа ме опушта. Вежбањето е добро за вашето тело!“, вели еден ученик.

Овој процес се вика кинестетичко учење, а студиите покажуваат дека тоа ја зголемува способноста за решавање на проблемите со физички решенија.

„Сакаме да градиме деца што ќе размислуваат, големи умови, но нивните мали тела ни кажуваат дека сакаат да мрдаат. Децата ги сакаат новите клупи, забележуваме дека сега читаат подобро и не се немирни како претходно“, вели наставникот Chris Hodson.

Инаку, клупите чинат 150 долари и дури можат да се купат на Амазон.