Американско Катче – ресурсен центар за ученици и студенти

Американско Катче - ресурсен центар за ученици, средношколци и студентиАмериканското Катче во Скопје ги кани сите ученици, средношколци и студенти да ги искористат бројните можности кои се нудат во овој ресурсен центар. Ако сте љубител на книги, тогаш Американското Катче е вистинското место за вас.

Таму може да најдете над пет илјади наслови, од сите области како на пример: историја, политика, здравје, едукација, спорт, арт и филизофија. Истотака, во катчето може да се изнајмат и списанија, ДВД филмови како и брошури кои би ви биле од огромна помош при вршењето на некое истражување.

Тоа што е најинтересно е дека сето ова ви следи бесплатно! И тоа не е се, катчето располага со компјутери достапни за сите членови, книги за припрема на испити ТOEFL, SAT, GRE како и советник по едукација, кој ќе ви помогне при процесот на запишување на вашите студии во САД.

Нашата програма е полна со активности и настани, за стари и млади, за деца и возрасни. Секој може да си најде нешто за себе во Американското Катче! Ние се наоѓаме во Универзитетска и Национална Библиотека во Скопје, кај новата стаклена просторија.

Освен во Скопје, Американски катчиња има и во Тетово, Струга, Штип и Битола.