Американскиот Врховен суд поништи закон против абортус, прва ваква одлука во мандатот на Трамп

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави поништи закон на сојузната држава Луизијана со која се ограничуваа клиниките кои вршат абортус. Со оваа одлука Судот ја потврди определбата за зачувување на правата на абортус и покрај тоа што судот доби два нови конзервативни судии по доаѓањето на власт на претседателот Доналд Трамп.

Пет судии гласале гласале за, додека четири биле против одлуката дека законот на Луизијана, донесен во средината на 2019 година, е неуставен и го прекршува правото на абортус првично воспоставено во историскиот случај пред Судот – „Ро против Вејд“.

Со законот од Луизијана, кој беше блокиран до одлуката на Врховниот суд, се предвидуваше дека докторите кои прават абортуси мораат да бидат вработени во најблиските болници, со што практично се лимитираат голем број од клиниките кои нудат абортус. Ова за Врховниот суд водело кон дополнителен товар за жените кои сакале да добијат ваква здравствена услуга. Сличен таков закон од Тексас веќе бил соборен од Врховниот суд во 2016 година.

Оваа одлука на Врховниот суд на САД е значајна и поради тоа што ова е прва пресуда во случај на тема право на абортус откако двајца либерални врховни судии беа заменети со конзервативни судии номинирани од претседателот Доналд Трамп. Дел од овие нови закони кои го ограничуваат абортусот низ САД се носеа точно по овие промени во Судот, со намера да се тестира дали највисокиот американски суд би го променил својот став кон абортусот.