Американски волонтер преку експерименти ги учи децата во Гевгелија за значењето на животната средина

Пензионерот Алан Корс, волонтер во Американскиот мировен корпус, инаку научник за здрава животна средина, има опремено лабораторија во просториите на фондацијата Аполонија во Гевгелија, каде во рамките на проектот „Денови со природата“ одржува часови со учениците од градот, но при тоа користејќи вистински коски од мали животни и правејќи уникатни експерименти.

Со овој начин на предавање Корс ги прави децата поголеми заштитници на природата затоа што тие се директно вклучени во процесот.

Неговиот позитивен пример треба да го следат државните институции и на нов, современ начин да организираат едукација за учениците.

Во видеото се прикажани дел од експериментите, но и начинот како Алан доаѓа до коските од животните.