Американски универзитет побара од студентите да ја откријат својата сексуална историја

Aмерикански универзитет упати јавно извинување откако побара од студентите да ја откријат својата сексуална историја, за да им биде дозволено да се запишат за настава. Од студентите на Универзитетот на Јужна Калифорнија (USC) било побарано задолжително да пополнат задолжитела онлајн анкета барајќи од нив да го откријат бројот на сексуални партнери со кои биле во текот на претходните три месеци.

Дел од поставените прашања биле: Колку пати сте имале секс (вклучувајќи и орален) во последните три месеци? Со колку различни луѓе сте имале сексуален однос (вклучувајќи орален) во последните три месеци?

Во мејлот испратен до студентите им било напишано дека прашалникот кој е задолжителен дел од онлајн обуката, треба да се пополни до 9 февруари и е направен за да се помогне во создавање безбедна средина учениците. Откако учениците се спротивставиле на интимната природа на прашањата, Универзитетот се извинил. Портпаролот за американските медиуми изјавил дека не е направен прекршок, а прашалникот бил дизајниран како дел од сојузниот мандат за решавање на проблемот со сексуални напади во кампусот.

„USC се извини за било кое дело или непријатност предизвикана од прашањата вклучени како дел од задолжителната онлајн обука за студентите во врска со доброволен сексуален однос, недолично однесување и други важни прашања.

Овие прашања се отстранети од нашиот онлајн модул. Сите колеџи и универзитети се задолжителни со закон да обезбедат таква обука, а нашата обука е стандардизиран модул се користи од страна на стотици колеџи и универзитети низ целата земја“, се вели во изјавата од универзитетот за медиумите.