Американски политичар им наредил на новинарите да не му го спомнуваат името

Советникот во локалното собрание во областа Фредерик во американската држава Мериленд, Кирби Делотер се заканил дека ќе го тужи весникот Frederick News-Post, затоа што без негова дозвола му го употребил името. Новинарите на весникот одговориле со текст во следното издание, во кој името на Делотер било спомнато 29 пати, вклучувајќи го насловот и текстот на фотографијата.

„Не ме барајте уште еднаш, не го користете моето име и не ме спомнувајте во форма која не е авторизирана“, напишал Делотер во неговата реакција, откако бил спомнат во текст посветен на паркинг-местата во областа, откако новинарката што ја работела приказната безуспешно се обидела да добие негова изјава. По ова, следел овој Фејсбук-статус на советникот:

Американски политичар им наредил на новинарите да не му го спомнуваат иметоАмерикански политичар им наредил на новинарите да не му го спомнуваат иметоСепак, еден ден подоцна, Делотер признал дека барањето за дозвола за користење на неговото име било „погрешно“. Еве што пишува во уводникот-одговор на редакцијата на Frederick News-Post, насловен „Кирби Делотер, Кирби Делотер, Кирби Делотер“:

„Како да го ословуваме „Кирби Делотер“ и да си ја вршиме нашата новинарска работа, без да го прекршиме нашиот недостиг од авторизација? Празни места? Понекогаш оставаме цртички, би можеле да го направиме тоа: „К—- Д——-“. Или, можеби, Кирби Делотер (неавторизирано). Се смеевме малку повеќе отколку што требаше кога се сетивме на опцијата: „Човекот порано познат како Кирби Делотер“, што не е толку смешно кога е напишано црно на бело и го вклучува неговото име, што ја убива поентата. Можеби треба да ги ставиме само неговите иницијали: „КД“. Може ќе се извлечеме со „К-Дел“ или да одиме во стилот на Хари Потер: „Оној кој нема да биде именуван“?“.