Американски матурант примен на UCLA поради добри твитови

Упорниот американски матурант,  18-годишниот Bernie Zak од Масачусетс е примен на престижниот колеџ UCLA, откако тој самоиницијативно спроведе кампања на Твитер, во која ги твиташе причините зошто колеџот треба да го прими.

Американски студент примен на UCLA поради добри твитови

Кога дознал дека е на листата за чекање, тој не чекал со скрстени раце туку го искористил она што го имал – друштвените мрежи, поточно  Твитер. Zak започнал да ги твита 50-те причини поради кои тој треба да биде примен на овој универзитет.  По 18-от „твит“ тој добил порака дека е примен на факултет и дека повеќе не се наоѓа на листата за чекање.

Својата „Твитер“ кампања ја обележал со хаштагот  #ACCETBERNIEUCLA. Еве некои од неговите досетливи твитови:

Причина #30 @UCLAби требало да го прими @berniezak бидејќи на секој факултетски кошаркарски тим му е потребен центар висок 173 сантиметри.

Причина #34 @UCLAби требало да го прими @berniezak бидејќи тој изгледа како Дејвид Хаселхоф додека трча на плажата во Санта Моника.

Сепак,  портпаролот на UCLA вели дека иако тие знаеле за неговата кампања на „Твитер“, таа не влијаела врз неговото запишување на овој универзитет. Тие велат дека ниту една друштвена мрежа нема влијание на тоа кој се запишува, а кој не – важен е резултатот на секој студент.

Од друга страна, Берни стана локална ѕвезда и е уверен дека го примиле токму поради неговите „твитови“. Тој вели: „Навистина сум возбуден што ќе бидам меѓу студентите кои навистина се забавуваат и кои се паметни. Мислам дека на UCLA се најпаметните луѓе на светот“.

Извор: Факултети