Американската администрацијата се откажа од планот за депортација на странските студенти

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа своите планови за депортирање на меѓународните студенти чии студии во САД се целосно префрлени онлајн, поради пандемијата на коронавирусот.

Пресвртот доаѓа само една недела по објавувањето деја САД нема да им даве виза за влез, или ќе ги депортира меѓународните студенти чии универзитети одлучија место со физичко присуство, наставата целосно да ја спроведуваат преку интернет.

Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и универзитетот Харвард ја тужеа владата за овој план.

Окружниот судија Алисон Бароус во Масачусетс вели дека двете страни дошле до решение. Со договорот се враќаат мерките кои беа спроведувани од месец март, кога и во услови на појава на вирус им се овозможува на меѓународните студенти да присуствуваат на нивните часови виртуелно доколку е потребно и да останат легално во земјата на студентски визи, објави Њујорк Тајмс.

Голем број странски студенти патуваат во САД за да студираат секоја година и се значаен извор на приход за универзитетите.

Харвард неодамна објави дека, поради загриженоста за ширењето на вирусот, наставата ќе ја префрли целосно преку Интернет кога студентите ќе се вратат за новата учебна година. МИТ, како и голем број други образовни институции, најавија дека исто така ќе продолжат да користат виртуелни училници.

Минатата недела на странските студенти им беше кажано дека нема да им биде дозволено да останат во САД оваа есен, освен ако не се префрлат на студии каде наставата се следи со физичко присуство.

На оние кои се вратија во нивните матични земји во март, кога ескалираше кризата со коронавирусот, им беше кажано дека нема да им биде дозволено да се вратат ако нивните часови се преселат преку Интернет.