Американец 20 години заработува преку хакирање на онлајн видео игри

Хакер тврди дека преку наоѓање и експлоатирање на недостатоци во популарните онлајн видео игри, заработува добро веќе 20 години.

Карактерот на Манфред цврсто се држи во виртуелниот свет на онлајн играта за повеќе играчи од 2014 година, WildStar Online. Манфред, вистинската личност зад карактерот, пишува команди во „дебагерот“. За неколку секунди од она што се чини дека е многу лесно хакирање, виртуелната валута на Манфред неверојатно се крева на 18.000.000.000.000.000, или 18 квинтилиони.

Го гледам хакирањето на демо видео снимено од Манфред, додека стојам до него во бар во Лас Вегас. Манфред, кој ме замоли да не го откривам неговото вистинско име, вели дека хакира неколку онлајн игри веќе 20 години, заработувајќи „дебело“. Неговиот модус операнди понекогаш се менува во зависност од играта, но претежно се содржи од мамејќи ги игрите да му дадат различни предмети или валути кои нема право да ги добие. Потоа, ги продава тие предмети и пари на други играчи за вистински пари, или ги продава на сиви онлајн пазари, како Internet Game Exchange, кои потоа ги продаваат овие добра на индивидуални играчи.

Според моменталниот курс за размена, Манфред проценува дека има околу 397 каталјони долари во злато на WildStar. Ова е неверојатна сума, но неговата заработка е ограничена само на вистинските купувачи.

Кога разговарав со Манфред пред неговиот говор на Деф Кон конференцијата на хакери, рече дека сака да влезе, да го предаде демото, и да си „замине како дух“, никогаш повеќе да не биде виден или слушнат. Вели дека сака да биде „невидлив“, како што беше цели 20 години. Вели дека открил повеќе од 100 јавно познати ранливости во повеќе од 20 онлајн игри, со што хакирањето и трговијата со виртуелни добра станале негова работа.

За разлика од повеќето хакери на видео игри, Манфред не мами за да добие предност пред неговите противници. Тој ги хакира игрите за заработка.

„Најдобрите хакриања се оние кои се невидлвии, бидејќи ги менуваш правилата без некој да дознае што се случува“, вели Манфред. „Кога хакираш онлајн игри, главната цел е да бидеш невидлив. Не сакаш да ги прекинеш играчите, не сакаш компанијата да дознае за твоите хакирања. Не сакаш ни да знаат дека тоа што го правиш е возможно“.

Во саботата, Манфред „излезе од сенка“ и ја раскажа својата приказна за прв пат на говорот. На почетокот, неговиот план бил да ја хакира WildStar пред публиката, без неговиот говор да се снима. Сепак, организаторите на конференцијата му рекле дека сите говори мора да се снимаат, па не сакал да хакира во живо за да се заштити.

Почнувајќи со Ultima, една од првите масивни мултиплеер иггри, Манфред вели дека наоѓал начини да хакира игри, а неговите виртуелни заработики најчесто завршувале на кинеските онлајн пазари.

Тој одбива да каже колку пари заработил во текот на својата 20-годишна кариера, која започнала во 1997.

Вели дека е веројатно единствената личност која живее од хакирање толку долго. Но, има многу други хакери кои вршат напади за да мамат и да победуваат на игрите.

Манфред додава дека ја раскажал својата приказна за „јавното добро“. Сака да покаже дека видео игрите треба да ја сфатат безбедноста посериозно и дека повеќето од хакирањата кои ги спровел се поради слични „багови“.

Лорензо Франчески-Бикераи за Vice Motherboard