Американците изгубиле 139 милиони часа сон поради изборите

Американските граѓани внимателно ги следеа изборите, а поради тоа, ноќта меѓу вторникот и средата, изгубиле речиси 139 милиони часа сон поради претседателската трка меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, пренесува „Фокс Њуз“.

Американците изгубиле 138.833.045 часа сон, според анализите на технолошката компанија „Оура“, по податоците од „збирна и анонимна база на податоци од десетици илјади корисници од цел САД“. Секој Американец изгубил 25 минути сон.

https://twitter.com/ouraring/status/1324411562489204736

Пулсот кај Американците исто така се зголеми, па така, нивното срце чукаше побрзо за 1.4 отчукувања во минута, а од „Оура“ додаваат дека изборите предизвикале 15% повеќе стрес отколку во секојдневниот живот и 9% посилна анксиозност.

Демократскиот кандидат Бајден досега има обезбедено 264 електорски гласови, додека актуелниот претседател Трамп засега има 214 електорски гласови.