Амбaсадата на Соединетите Американски Држави го осуди насилството во Собранието, во кое беа повредени неколку пратеници, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Од амбасадата порачаа дека насилството не е во согласност со демократијата и е неприфатлив начин за решавање на разликите.
„Најостро го осудуваме насилството во Собранието. Тоа не е во согласност со демократијата и е неприфатлив начин за решавање на разликите. Клучно е сите страни да ги почитуваат демократските процеси и законот и да се воздржат од насилни акции кои можат да ја влошат ситуацијата. Мнозинството пратеници го избраа Талат Џафери за претседател на Собранието, во рамките на регуларна и континуирана сесија на парламентот на која сведоци беа јавноста и медиумите. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата и за унапредување на интересите на Македонија“, стои во реакцијата на амбасадата.
In response to tonight’s events pic.twitter.com/jern5OI5GX
— US Embassy Macedonia (@usembassymkd) April 27, 2017
Насилствата во Собранието ги осуди и германското министерство за надворешни работи.
„Најостро го осудуваме нападите во Собранието во Скопје“, напишаа од германското МНР на „Твитер“.
We condemn in the strongest terms the attack on the Parliament in Skopje!
— GermanForeignOffice (@GermanyDiplo) April 27, 2017