Амазон на ризик да премине од дождовна шума во савана

Климатската криза и сечата се главни виновници за преминувањето од дождовна шума во отворена тревна површина.

Поголемиот дел од Амазон е на ризик од затворена дождовна шума да се претвори во отворена савана со многу помалце дрвја како резултат на климатската криза.

Дождовните шуми се кревки на промените на влажност и количината на паднат дожд, додека пожарите и продолжените суши може да резултираат со губње на дрвјата во одредени делови и преминување во савана. Ваквите промени беа очекувани во Амазон, но се сметаше дека ќе се случат во подалчна иднина.

Според ново истражување објавено во изданието „Природни комуникации“, промената е поблиску отколку што се мисли. Скоро 40 отсто од постоечката дождовна шума е на опасна граница да се претвори во савана.

Иако промената од дождовна шума кон савана е бавна, запирањето на отпочнатиот природен процес е многу тешко. Дождовните шуми се дом на огромен број единки за разлика од саваните и имаат поважна улога во собирањето на јаглерод диоксид од атмосферата.

Поради промената на климата, делови од Амазон имаат многу помалку дождови. Според истражувањето на Центарот за преживување во Стокхолм кое е базирано на компјутерски модели, дури 40 отсто од шумата прима дождовна вода во недоволно количество, ниво кое е задоволително за савана.

Минатата година, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, беше предупреден дека продолженото уништување на Амазон преку пожари и сеча ќе го забрза процесот на претворање на регионот во савана. Овогодинешните пожари Амазон беа најлошите во целата декада, а бројот на жаришта беше зголемен за 60 отсто за разлика од минатата година.

Водечкиот научник на истражувањето, Ари Стаал вели дека иако дождовните шуми  ефективно произведуваат своја сопствна дождовна вода во точната клима, тие се сушат доколку се изложени на други климатски услови.

„Како што шумите растат и се развиваат низ еден регион, тоа го менува падот на дождот. Шумите создаваат свој сопствен дожд бидејќи листовите испуштаат водена пареа која потоа се претвора во дожд. Со зголемени дождови, се намалуваат жариштата, што значи повеќе шума“, објаснил тој.

Како што повеќе се сушат делови од дождовната шума, така се намалува и количината на дождови.

„При посуви услови, шумите потешко се опоравуваат и се зголемуваат можностите за екосистемот да стане жариште. Откако ќе започне процесот на преминување во савана, невозможно е природно залекување и запирање на штетата.

Тимот на истражување направи компјутерски симулации за тоа каде шумите би можеле да опстојат според зададени климатски состојби и ја разгледуваа можната минимална и максимална покриеност.

Извор: Guardian