„Амазон“ го смени логото на апликацијата кое потсетуваше на Адолф Хитлер

„Амазон“ брзо го смени логото на апликацијата за купување по бројните коментари за неодамнешното редизајнирање, кое направило логото да потсетува на водачот на нацистите Адолф Хитлер.

Логото на апликацијата, што се појавува на паметните телефони и таблети, претходно покажуваше количка за шопинг.

„Ние го дизајниравме новото лого за да предизвикаме исчекување, возбуда и радост кога клиентите ќе го започнат своето купување преку својот телефон, исто како што го прават тоа кога ќе ги видат нашите кутии на нивниот праг“, изјавија од „Амазон“.

Бренд дизајнерката Лора Велдон од студиото ЛВД, вели дека брендовите цело време ги менуваат своите логоа. Но, позитивно за неа е тоа што компанијата ги слушнала реакциите на клиентите.

„Јасно е дека тие се грижат за тоа што зборуваат нивните клиенти и го ставаат клиентот во срцето на она што го прават“, изјави таа.

Технолошкиот гигант сега го смени дизајнот во преклопена сина лента.