Аматерскиот театар „Сцена 71“ од Свети Никола тргнува на летна турнеја при којашто ќе гостува на три фестивали во регионот, и тоа во Требиње,Прокупје и Бања Лука.
Делото со којашто ќе се претстават е насловено „Европејци“, по текстот на Мирољуб Недовиќ, а во режија на Слободан Елисеев. Со неа, актерите ќе бидат дел од фестивалите „Хистрион“ во Прокупје, „Фестивал на фестивалите“, во Требиње и „Ќестенбург“ во Бања Лука. Оттаму велат дека се возбудени и се надеваат дека ќе ја претстават државата во најдобро светло.
Градскиот аматерски театар е формиран во 1971 година во Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе.
На самиот почеток, на сцена се поставува „Скапен“ од Ж.Б.Молиер, а потоа следуваат автори од светската драматургија како што се Ж.Фејдо, Мрожек, Р.Kуни, Л.Герш, С.Шалазд, Б.Нушиќ, И.Брешан, Д.Радовиќ, како и домашните драматурзи: В.Иљосњки, А.Панов, Р.Kрле, Т.Арсовски, K.Чашуле, В.Mанчев, С. Насев, Г. Стефановски.
На сцената се поставени повеќе од четириесетина претстави што ги виделе повеќе од стотина илјади гледачи. Редовно учествува на Драмски аматерски фестивал во Кочани каде што има добиено бројни награди. Групата има учествувано и на повеќе фестивали.
Последната година како мал јубилеј 45 години од постоењето на сцена се поставени „Не се клади на Енглези“ – В.Ѓурѓевиќ, „Одам на лов“ – Ж.Фејдо и последната „Европејци“ – М.Недовиќ, сите во режија на Слободан Елисеев.