Аматерската изложба на фото – стории „Дојди, види, прочитај!“

Членовите на Медиа клуб – Скопје од Младински образовен форум ја најавуваат аматерската изложба на фото – стории „Дојди, види, прочитај!“, која ќе биде прикажана во четврток (30 април), во Паркот на новинарите.

Настанот е резултат на двомесечни работилници за фотографија и новинарство, преку кои членовите изготвија текстови придружени со фотографии кои отсликуваат еден дел од нивното секојдневие, нивните интереси и потреби.

„Фотографијата и новинарстовото имаа куса љубовна авантура. Нивнoто love child e нашата изложба! Ве очекуваме во Паркот на новинари, карши Министерство за образование да ја дадете вашата поддршка за изложбата и средношколците кои таму го поставија својот протестен камп“, се наведува во поканата за настанот.

Изложбата ќе може да се погледне меѓу 14 и 16 часот.