Алжирски новинар почина после тримесечен штрајк со глад

Британско-алжирски новинар почина откако штрајкуваше со глад, во знак на протест против двегодишната казна затвор која му беше пресудена поради „навредување на алжирскиот претседател со поема објавена на интернет“, според неговата адвокатка.

„Можам да ја потврдам смртта на новинарот Мохамед Тамалт ин Баб во болница во ел-Уед , после штрајк со глад кој траеше повеќе од три месеци и тримесечна кома“, изјавила Амине Сидхум.

Затворската управа објави дека Тамалт починал од белодробна инфекција, за што бил лечен откако му била откриена на 4 декември. Бил во болница од крајот на август. Тамалт, кој имал двојно државјанство, го започнал штрајкот со глад на 27 јуни, кога бил уапсен во близина на домот на неговите родители, во главниот град Алжир, според Human Rights Watch.

Новинарот и блогер кој имал 42 години и водел веб страница од Лондон кадешто живеел, бил обвинет за навреда на претседателот Абделазиз Бутефлика и клеветење на јавна личност, за поема која ја споделил на Фејсбук. Суд во Алжир го обвинил на две години затвор на 11 јули, а бил казнет и со 11 илјади динари. Апелационен суд ја потврдил пресудата еден месец подоцна.

Amnesty International ги повика алжирските власти во неделата да отвроат „независна и транспарентна истрага за околностите“ на смртта на новинарот.