Алтернативно предавање на Правен за слобода на медиумите

„Слобода на медиуми – право или привилегија“, е првото од алтернативните предавања кои во организација на Студентскиот пленум ќе се одржуваат годинава на Правниот факултет „Јустинијан I“ .

Предавањето е посветено на медиумската слободаќе и се одржи утре (10 ноември), а говорник е новинарот Томислав Кежаровски. Локацијата на настанот е Амфитеатар I, на Правниот факултет, а предавањето почнува во 12 часот.

Предавањето е од отворен карактер и може да присуствува секој што е заинтересиран за оваа тема.