Алтернативно предавање: Младите и полицијата

Второто од серијата алтернативни предавања што ги организира Студентскиот пленум при Правниот факултет „Јустинијан I“ ќе се одржи на 16 ноември, во амфитеатар 1.

Предавањето ќе го води Павле Богоевски од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија на тема „Младите и полицијата“.

„Кога полицијата може да ве легитимира, да ве претресе, да ве приведе? Што е, а што не е дозволено со закон а полицијата (не) го прави? Кој е односот на граѓаните со полицијата и на полицијата со граѓаните? Овие и уште многу други прашања ќе ви бидат одговорени после второто алтернативно предавање на Правниот факултет“, стои во најавата за настанот кој е од отворен карактер.