Алтернативни предавања, саем на организации и работилници денеска на Правниот факултет во Скопје

Кои се вашите права при претрес на улица, колкав е соларниот потенцијал на Република Северна Македонија, како да си направиш пиво, но и каква е иднината на човештвото и вештачката интелигенција – се дел од предавањата кои денеска ќе се одржат на седмото издание на „Станица: Студентска“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Организатор на настанот е Младинскиот образовен форум.

Настанот ќе трае од 11 до 18 часот, а на него студентите ќе може да посетат алтернативни предавања, саем на студентски организации и работилници. Целта е овој настан да поттикне студентско организирање и вмрежување, преку организирање  на алтернативни предавања кои студентите немаат можност да ги слушнат на своите факултети, како и корисни работилници за студенти.

„Станица: Студентска 7.0“ е отворена за сите заинтересирани млади луѓе, студенти и останати посетители кои сакаат да посетат современи предавања, да се информираат за организациите кои се отворени за нив, да учествуваат во работилници, да се запознаат со интересни алтернативни предавања и да разменат искуства и контакти. На „Станица: Студентска 7.0“ ќе има саем на дваесет студентски организации, ќе се одржат различни предавања и работилници, а посетителите ќе можат и да се релаксираат во чил зона за борд игри“, информираат од МОФ.

Во продолжение, целосната програма за „Станица: Студентска:7.0“:

Перон 1:
Саем на студентски и младински организации
Перон 2:
Чил Зона со „Board game café Samo”.
Перон 3:
12:00 – „Соларен потенцијал на РСМ – индивидуално и индустриско ниво“ – Ведран Симовски, Ангела
Најдоска, Војдан Андонов и Дејан Димитриев, студенти на Факултетот за електротехника и
информациски технологии;
13:30 – „Како да си направиш пиво“ – Емилија Кавазова и Валентина Велкова, студенти од Факултетот
за земјоделски науки и храна;
14:30 – „Вакцини – современ јавно здравствен проблем“ Ана Мицевска и Софиа Колева, Македонска
Медицинска Студентска Асоцијација;
15:30 – „Вашите права при претрес на улица“ – Адвокат Јанаки Митровски;
16:15 – „Иднината на човештвото и вештачката интелигенција“ – Д-р Игор Трајковски;
17:15 – „Експериментот на Милграм: покорност кон авторитет“ – Владимир Петрушевски.
Перон 4:
11:15 – „Multipotential“ – Леана Таќи;
13:00 – „Неформалните институции и демократијата“ – Проф. Д-р Ненад Марковиќ;
14:00 – „Демократија и револуција“ – Проф. Д-р Ристо Солунчев;
15:00 – „Треба ли да стравуваме од модерната технологија и вештачката интелигенција –
филозофски дилеми“ – Проф. Д-р Владимир Давчев.