Алтернативната настава на автономна зона продолжува, програма за денеска

Од денеска, студентите кои во изминативе две недели целосно ја бојкотираа наставата и преноќуваа на факултетите, ќе продолжат со своите формални предавања. Сепак, на вчерашната прес-конференција, Студентски пленум соопшти дека алтернативните предавања ќе продолжат и на нив ќе се зборува за студентските барања, за студентските прашања и проблеми кои ќе бидат пренесени при изработката на новиот закон за високо образование.

Воедно, студентите соопштија дека сите парични средства кои Пленумот ќе ги собере денеска, ќе бидат приложени на семејството Димовски за лекување на нивната 8-годишна ќерка Теона на која и‘ е потребна операција на срце.

Автономна зона на Филозофски/Филолошки:

11:00 – 12:30 Проекција на „Април“, Нани Морети @ MЦ
16:00 – 17.00 „Женското лице на револуцијата“ со Ирена Цветковиќ, Марина Трајковска, Ана Василева @ A3
17:30 – 19:00 Фолтин @ Аула
19:00 – 20:00 „ Дали е секогаш моќта во прашање – трагајќи по форматите на знаењето кое сакаме да биде расшколувано“ со Искра Гешоска @ Аула

Автономна зона на Архитектонски/Градежен:

11:00 – 12:30 – предавање + практичен дел – АrchiCAD & Artlantis
workshop @ предавална 312
12:30 – 13:30 – предавање: ‘Фигурата и нејзиното значење во ликовните уметности/ проф. Владо Георгиевски @ предавална 312
13:30 – 17:30 – GRAFFITTI JAM / графити + музика @ двор на АФ/ГФ
18:00 – 20:00 – предавање + дискусија: ‘Линии кон сонцето’ / проф. Станко Павлески
@ амфи на АФС

Алтернативно предавање на Економски:

12:00 Драган Тевдовски: “ЕКОНОМСКАТА НЕЕДНАКВОСТ ВО МАКЕДОНИЈА“

Алтернативно предавање на Правен:

13:00 Проф. д-р Светомир Шкариќ – “Креирање на уставното право како наука”.