ALS Ice Bucket предизвикот финансираше големо откритие во истражување за болеста

Ice Bucket предизвикот кој беше интернет хит во 2014 година и често беше критикуван како мрзелив активизам кој повеќе служи за забава отколку за каузата за која започнал, директно финансираше важно генетско откритие поврзано со невродегенеративната болест наречена амиотрофична латерална склероза (АЛС).

Всушност, од средствата собрани од предизвикот, биле финансирани шест одделни истражувачки проекти, од кои сите им помагаат на истражувачите да се приближат поблизу до наоѓањето на потенцијален лек за страшната болест.

Чинот на истурање на кофа со ледено студена вода врз главата беше смислен да ја подигне свесноста, но и да собере средства за различни хуманитарни организации кои работат на наоѓањето лек за АЛС. Предизвикот стана популарен и се прошири низ цел свет, особено откако во него се вклучија многу познати личности.

Повеќе од 17 милиони луѓе објавиле видеа од себеси како го извршуваат предизвикот онлајн, заедно со сметка за донации до хуманитарна организација поврзана со истражување на АЛС. На крај, предизвикот придонел до тоа да се соберат 115 милиони долари за само 30 дена.

Големо откритие, објавено во весникот Nature Genetics, било финансирано само преку предизвикот.

Истражувањето било координирано од Project MinE, а се состои од најголемата студија досега за генетски наследена АЛС, која сочинува 10 посто од случаите. Повеќе од 80 истражувачи од 11 земји барале „ризични гени“ во семејства во кои имало заболени од АЛС, и пронашле.

Наречена NEK1, оваа идентификација значи дека истражувачите можат потенцијално да развијат форма на терапија која го лечи овој тип на АЛС, а можеби и да спречи да се развие пред воопшто да почне.

„Глобалната соработка меѓу научниците, која навистина беше овозможена од ALS Ice Bucket Challenge донациите, доведе до ова значајно откритие“, вели Џон Лендерс, водечки автор на студијата и член на Медицинската школа на Универзитетот на Масачусетс. „Ова е врвен пример за успехот кој може да се добие од комбинираниот труд на толку многу луѓе, сите посветени на наоѓање на причината за АЛС“.