Алпаките со „летна фризура“ пристигнаа во Скопје

Во скопската Зоолошка градина пристигнаа најавените алпаки.

Алпаките се јужноамерикански животни и наликуваат на мини лами. Како што соопштија од Зоолошката, алпаките живеат во Чиле, Перу, Боливија и на Андите, а се прилагодени и на високи и на ниски температури.

Неретко, алпаките се чуваат и како домашни миленици бидејќи се припитомени. Алпаките моментално носат летна фризура и поради жештините.

Во Зоолошката пристигнаа и најавените двогрби камили. Тие се од видот бактриан, а потрекнуваат од Чешка и Словенија.