„All things Go” – Осмо издание на „Intech Meetup“

Оваа година настанот „Intech Meetup“  добива нов виртуелен формат со цел градење на првата „Golang“ заедница во Северна Македонија. Неговото осмо издание ќе се одржи на 19-ти мај во 18 часот, на темата „All things Go”.

„Во InPlayer го користиме „Golang“ за да ја изградиме нашата платформа која е во постојан развој и подем и сакаме да ја споделиме нашата љубов кон оваа технологија со сите. „Golang“ e робустен програмски јазик на ниво на систем што се користи за програмирање преку големи мрежни сервери и големи дистрибуирани системи. еговите карактеристики и апликации, особено во контекст на „cloud computing“ и инфраструктура се нешто што предизвикува интерес и високо ниво на љубопитност кај IT заедницата воопшто“, појаснуваат организаторите на настанот.

Осмото издание ќе им овозможи на сите присутни двочасовно едукативно искуство, можност да се стекнат со нови знаења, да ги слушнат последните стручни „Golang“ новости и да бидат во тек со најновите трендови, под менторство на тројца говорници, експерти во нивната област.

Вилијам Кенеди е управен партнер во „Ardan Labs“ во Мајами, Флорида, компанија за развој на мобилни мрежи, веб и системи. Тој исто така е коавтор на книгата „Go in Action“, автор на блогот GoingGo.Net и основачки член на GoBridge;  Натали Пистунович е Google експерт за Go, амбасадор на OpenAI, јавен говорник и организатор на конференцијата GopherCon Europe и Cloud Nein; Стојан Димитровски е технички архитект во InPlayer, експерт и практичар на различни програмски јазици.

За учество е потребна регистрација на следниот ЛИНК, а сите информации може да се добијат преку социјалните профили на настанот на Фејсбук, Инстаграм, Твитер или преку #intechmeetup.