Ален Реџепагиќ со инсталацијата „Крик” на „Сараевска зима“

Македонскиот уметник Ален Реџепагиќ со инсталацијата “Крик” учествува на 30. по ред Интернационален фестивал “Сарајевска зима” БиХ, што од вчера до 10 март ќе се одржи во галеријата “Нови храм”.

Ален Реџепагиќ со инсталацијата „Крик” на „Сараевска зима“

Рецензентот, историчарот на уметноста Конча Пирковска за инсталацијата ќе истакне дека неговите протагонисти се анонимни субјекти=објекти од кои, и пред кои замижуваме, се плашиме, не за нив, туку за себе, зашто во Тие-Другите, се пре­по­знаваме себеси, зашто Тие, сме Ние. Тие ја претста­ву­ва­ат другата страна на нашата мрачна огледална слика, која е одраз на емотив­на­та празнина во која от­суствува нашата одговорност, солидарност и милоср­дие кон Другите.

– Со овој критички проект, авторот јасно апелира на сеопфатната од­го­вор­ност во глобалниот свет, што тргнува од другиот и ги надминува сите видови насил­ства, во сите сфери на човечкото егзистирање. Во него се суб­ли­ми­рани фунда­ме­н­талните етички прин­­ципи кои ги препознаваме во двете верзии за „аси­ме­тричниот“ Друг, како кај Ле­­­ви­нас, така и кај Достоевски. Левинас не пот­сетува де­­­­ка един­стве­ната вред­ност и ми­сија на чо­веч­киот живот е „чо­веч­ката способ­ност ­да му даде приор­итет на Другиот пред се­беси“, а Досто­евски низ неговиот императив, не опо­менува дека „Сите ние сме одго­вор­ни за се, а јас по­ве­ќе од дру­ите.“ Во сопственото Јас, негувањето на посочената одговор­но­ст кон Други­те подразбира да се идентификуваме себеси како слободни и етички битија, вели Пирковска.

Ален Реџепагиќ роден е во 1973 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Беди Ибрахим. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Работи во повеќе медиуми – скулптура, инсталација, сликарство.

Досега реализирал четири самостојни и повеќе групни изложби (Скопје, Охрид, Гевгелија, Р. Бугарија).

Во 2007 година учествувал на интернационалниот симпозиум за скулптура од дрво во Јасна Полјана – Р.Бугарија. Добитник е на годишната награда за скулптура на ДЛУМ – “Јордан Грабул” (2010). Живее и работи во Скопје.