Александрија Окасио Кортез официјално го доби вториот мандат во Конгресот

Пратеничката Александрија Окасио Кортез е реизбрана за втор мандат во Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави.

Окасио беше прогласена за победник од страна на Здружението на новинарите, победувајќи го нејзиниот противник Џон Камингс со водство од 40 отсто во две третини од изброените гласови.

Таа беше сигурна во својата победа во доста демократски настроениот 14 њујоркшки кварт кој вклучува делови од Бронкс и Квинс.

Окасио-Кортез доживеа историска победа на изборите во 2018 година, како најмладата некогаш избрана жена во Конгресот, на возраст од 28 години. Таа се истакнува со нејзиното работничко минато и потеклото од Пуерто Рико. Позната е како ќерка на хигиеничарка и татко кој починал на 40 годишна возраст.

Кортез е дел од таканаречената „екипа“ од 4 млади прогресивни пратенички во која делуваат и Рашида Тлаиб од Детроит, Илхан Омар од Минесота и Ајана Пресли од Бостон.

Четирите пратенички се дел од младата, прогресивно политичка струја која го предводи демократското лидерство во Претставничкиот дом.

Победите на Окасио-Кортез и останатите членки значи дека Демократите во Домот ќе мора да се соочат со внатрешните партиски препирки за тоа кој поагресивно ќе се бори да ги оствари своите замисли за реуредување на здравствениот систем, полициските реформи и климатските промени.

Кортез е позната по својата политика „Зелениот нов договор“ кој претставува храбар план за создавање на работни места преку заменување на употребата на гориво со електрична енергија и соларни системи.

Окасио ја поддржа претседателската кандидатура Берни Сандерс, наместо моменталниот демократски кандидат Џо Биден.

Извор: Aljazeera