Албумот „Хроник“ на Др. Дре ќе биде додаден во библиотеката на Американскиот Конгрес

Албумот од 1992 година ќе се придружи на Витни Хјустон и „Вилиџ Пипл“ во овогодишните архивирани изданија.

„Хроник“ е првиот соло албум на Др. Дре, откако тој ја напушти хип-хоп групата „N.W.A“ и продуцентската куќа „Рутлес Рекордс“ поради несогласувања. Па така, изданието содржеше суптилни, но и директни навреди кон „Рутлес Рекордс“ и сопственикот Easy E. Иако „Хроник“ е соло албум, изданието содржење соработки со тогашниот рап дебитант, Снуп Дог, кои соработките ги искористи за да ја започне својата соло кариера.

Продукцијата на Др. Дре го популаризираше „ЏиФанкот“, поджанр во генгста рапот, a aлбумот „Хроник“ се смета за еден од најважните и највлијателни албуми во деведесетитте, но и за еден од најдобро продуциранитe хип-хоп албуми на сите времиња.

На „Хроник“ се наоѓа и песната “Nuthin’ but a ‘G’ Thang” која доби голема популарност кај слушателите.

Оваа година, изданието се најде на листата албуми кои ќе бидат архивирани во библиотеката на Американскиот Конгрес.

Националниот регистар на аудиозаписи ги објави 25 албуми кои заслужуваат да се архивирани поради нивното културолошко, историско и естетско значење.

Листата ги вклучува и „I will always love you“ на Витни Хјустон, но и камп класиката на „Вилиџ Пипл“ – „Y.M.C.A.“.

Во 2019, на листата за архивирање се најде и албумот „Blueprint“ на Џеј Зи.

Извор: FADER