Албанија воведува ден без автомобили

Албанија воведува ден без автомобили во првата недела секој месец, почнувајќи од 3 април, пренесува Еуроњуз.

Одлуката ја сподели министерката за туризам Мирела Кумбаро преку Фејсбук.

Таа рече дека новото правило ќе важи за сите поголеми градови, како повик за акција која има за цел да постигне подобар квалитет на воздухот, но и да заштеди гориво во услови на тековната криза.

„Ако не можеме да ги гасиме моторите цело време, барем да го правиме тоа во слободни денови и да преминеме на возење велосипед или пешачење“, рече министерката.